Зајакнување на млади преку нови можности

Ниту едно дете не треба да расте само

СОС Детско село, од 2016 година, успешно придонесува за зголемување на вработливоста кај младите лица во социјален ризик. Оваа акција е тесно поврзана со мисијата на организацијата Ниту едно дете не треба да расте само, бидејќи невработеноста и сиромаштијата се едни од клучните фактори кои придонесуваат децата да ја загубат грижата од своите семејства.

По успешната реализација на проектот за Социјална инклузија и економско зајакнување на млади, СОС Детско село продолжува да делува во полето на зајакнување на млади во социјален ризик во рамките на една поширока регионална иницијатива.

Целни групи:

Зајакнување на 1,600 млади во ризик во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија кои ќе имаат подобрени можности за вработување и активно учество на пазарот на труд

Цел на проектот:

Времетраење на проектот:

Донатори:

Проектот се спроведува од:

Досега преку проектот ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПРЕКУ НОВИ МОЖНОСТИ постигнавме:

image_1
1550 млади лица

во социјален ризик успешно ги завршија обуките за животни вештини и вработливост и посетуваа сесии на кариерно советување;

553 млади лица

пронајдоа одржлив работен анганжман со времетраење од најмалку 6 месеци;

600 млади лица

вклучени во проектот посетуваа практиканство или кратокраен престој во компанија заради запознавање со работно место ( job shadowing)

2

Обучени се

200 професионалци

за применување на сертифицирана методологија за зајакнување на млади во социјален ризик

Со финансиска поддршка обезбедена во рамките на проектот

400 млади лица

ги зајакнаа нивните компетенции преку посетување стручно образование, обуки или сертифицирани професионални курсеви;

4
600 млади лица

успешно ги завршија обуките за претприемништво, а 30 од нив започнаа сопствен мал бизнис со менторска и финансиска поддршка обезбедени во рамките на проектот;

Зајакнати се капацитетите на

8 локални организации

во обезбедувањето на поддршка за млади лица во социјален ризик;

Поддржана е работата на

1 локални младински иницијативи;
5

Одржани се

99 вебинари

на теми од интерес и грижа на младите;

Организирани се голем број на дополнителни активности кои придонесоа повеќе од

3200 млади лица во социјален ризик

како индиректна целна група да имаат корист од имплементацијата на проектот.

Во секоја од петте држави во кои се реализираше проектот во консултативен процес со младите лица беше изготвен документ за јавни политики за подобрена социо-економска интеграција на младите во социјален ризик и истиот беше јавно презентиран пред засегнатите страни;