Станбени единици за живеење со поддршка

Во рамки на единиците за живеење се обезбедува 24 часовна грижа, помош и поддршка за вкупно 28 млади без родители или родителска грижа над 14 годишна возраст, а најдоцна до завршување на средното образование, заради оспособување за самостоен живот и интеграција во општеството.

СЛУЖБА ЗА ЖИВЕЕЊЕ СО ПОДДРШКА

Службата за живеење со поддршка обезбедува постојана 24-ри часовна грижа и поддршка за млади без родители и родителска грижа на возраст од 14 години до завршување на средно образование.

Грижата е заснована на следниве принципи:

Ваквата услуга претставува позитивна замена на семејното живеење, со што се постигнува најмало отстапување од природната средина во која корисникот расте и се развива.

Во единицата за живеење со поддршка како вон – семејна социјална заштита за корисници без родители и без родителска грижа ќе се обезбедат услови за континуиран понатамошен позитивен раст и развој, при што ќе се овозможи одржување на врските со родителите/старателите, браќа/сестри и поширокото семејство, а со тоа ќе се постави основата за подобра реинтеграција.

Живеењето со поддршка во организационите единици обезбедува и:

Самостојно и организирано живеење со поддршка како услуга во единиците за корисници без родители и без родителска грижа обезбедува поддршка за задоволување на основните животни потреби, и тоа: домување, исхрана, одржување на лична хигиена, обезбедување на облека, нега и грижа за здравјето, емоционална поддршка, воспитание и образование, спроведување на слободни активности, следење на образовни и вонучилишни активности, располагање со приходи и други парични средства, како и давање поддршка за професионална ориентација, заради оспособување за самостоен живот по напуштање на организираното живеење со поддршка.

Единиците за живеење со поддршка се организациони единици (подружници) во рамки на Приватна Установа СОС Детско село Скопје. Во рамки на истите се обезбедува 24 часовна грижа, помош и поддршка за вкупно 28 млади без родители или родителска грижа над 14 годишна возраст, а најдоцна до завршување на средното образование, заради оспособување за самостоен живот и интеграција во општеството.

Специфични цели на поддршката на младите во Програмата за социјална интеграција се: Обезбедување постојано/стабилно вработување и редовни приходи; Стекнување на соодветно домување и Целосно преземање на контрола и одговорност за сопствениот живот.

Програмата за социјална интеграција ги поддржува младите на почетокот на нивниот независен живот и им помага да достигнат целосна самостојност.

Оваа програма е последната фаза во грижата и поддршката што СОС организацијата ја обезбедува за децата без родителска грижа. Општата цел на оваа фаза е непречен премин во потполно независен живот при што младата личност е целосно способна да преземе потполна одговорност за сопствениот живот. Оваа фаза доаѓа по грижата во згрижувачко семејство или во Службата за живеење со поддршка и трае највеќе 3 години (или повеќе за ученици и студенти, во зависност од природата на студиите), по што СОС организацијата се повлекува од поддршката и младата личност води целосно независен живот.

Во текот на своето долгогодишно функционирање, растејќи и созревајќи, научивме дека на младите без родителска грижа, како и на младите во разни социјални ризици, им е потребна помош во осамостојувањето и тоа во областите на: домување, стекнување на професионални и „меки“ вештини, вклучување во пазарот на труд за побрзо и полесно интегрирање во социјалната средина.

ПРОГРАМА ЗА СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА

Контактирајте нè:

ЖИВЕЕЊЕ СО ПОДДРШКА СОС ДЕТСКО СЕЛО 1 – БАРДОВЦИ

Ул. 6 бр.25
mail: [email protected]

ЖИВЕЕЊЕ СО ПОДДРШКА СОС ДЕТСКО СЕЛО 2 – ВЛАЕ

Ул. Фјодор Достоевски бр.58
mail: [email protected]

ЖИВЕЕЊЕ СО ПОДДРШКА СОС ДЕТСКО СЕЛО 3 – РАДИШАНИ

Ул. Бутелска 6/8
mail: [email protected]

ЖИВЕЕЊЕ СО ПОДДРШКА СОС ДЕТСКО СЕЛО 4 – ЖЕЛЕЗАРА

Ул.Коце Металец бр.106
mail: [email protected]