Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела

Целта на овој проект е да го подобри пристапот до правда за жртвите на насилни кривични дела преку воспоставување на национален сервис за правна и психо-социјална поддршка. Притоа, специфичните цели кои проектот се стреми да ги оствари се следните:

Проектот ”Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела” е финансиран од Европската Унија преку Министерството за финансии на РСМ – Секторот за централно финансирање и склучување во рамки на програмата Strengthening the  impact of the civil society in effective justice sector reforms – IPA II 2014 – EuropeAid/159467/ID/ACT/MK, а имплементиран од Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во партнерство со СОС Детско село.

Основната активност на овој проект вклучува директна континуирана правна и психо-социјална поддршка која ќе се обезбедува на ранливи жртви на насилни кривични дела . Сервисот за поддршка на жртви ќе вклучува поддршка на три нивоа:

Специфични целни групи за сервисот за поддршка на жртви на насилни кривични дела се: деца, лица со попреченост, постари лица и жени.

Посебно значење за успешна реализација на проектот и остварување на очекуваните резултати има соработката со Јавно обвинителство, МВР, МТСП, Центрите за социјална работа и други надлежни институции како и граѓански организации кои работат на полето на пружање поддршка на жртви на насилни кривични дела.