Почнувајќи од 1-ви септември нашите СОС претставници ќе можете да ги сретнете на разни локации низ Скопје.

Ќе ги препознаете по нивните ведри лица и брендирани маички во портокалова боја. Ќе можете да поразговарате со нив и да дознаете повеќе за работата на СОС Детско село и секако, најважно, да станете наш СОС Пријател и да ни помогнете ЗАЕДНО ДА МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ!

Дали сте спремни

ЗАЕДНО ДА МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ?

Што значи да се биде СОС пријател?

СОС Пријател значи дека континуирано, на месечно ниво ќе донирате сума по Ваша желба и ќе овозможите среќно и сигурно детство на децата и младите поддржани од СОС Детско село.

Средствата кои нашите СОС Пријатели ги донираат се директна поддршка за децата и младите поддржани од СОС Детско село и се користат исклучиво за покривање на нивните тековни потреби и трошоци.

Секогаш со себе носат електронски уреди (таблети) со единствена и безбедна апликација за онлајн донирање.

Секогаш можете нивните фотографии да ги видите на нашата официјална веб страна

Секогаш на себе имаат ID беџ (легитимација) со лични податоци за идентификација

Секогаш носат портокалова маица и други брендирани обележја на СОС Детско село со слоган АЈДЕ ДА МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ

Секогаш и единствено ќе бидат присутни на локациите кои секоја недела ќе бидат објавувани на веб страната и на социјалните мрежи на СОС Детско село.

Како да ги препознаете СОС претставниците?

Запознајте ги нашите СОС претставници

Игор Димовски
Игор Димовски
Филип Трпевски
Филип Трпевски
Ангелина Зафирова
Ангелина Зафирова
Алтана Филиповска
Алтана Филиповска
Катерина Рафајловска
Катерина Рафајловска
Софи Ѓорческа
Софи Ѓорческа
Дара Ристиќ
Дара Ристиќ
Емилија Недановска
Емилија Недановска
Емилија Ѓорѓиеска
Емилија Ѓорѓиеска
Христина Малинкова
Христина Малинкова
Ива Урдаревиќ
Ива Урдаревиќ
Викторија Поповска
Викторија Поповска
Јана Вељаноска
Јана Вељаноска
Викторија Б. Стојкоска
Викторија Б. Стојкоска
Јована Тодороска
Јована Тодороска
Викторија Трајковска
Викторија Трајковска

Зошто да станете СОС Пријател?

Нашата организација овозможува долгорочна и континуирана поддршка на децата и младите без родителска грижа се до нивното целосно осамостојување. Со вашите редовни месечни донации Вие ќе ни помогнете заедно да ги менуваме животите на многу деца и млади и да им пружиме шанса за среќна и сигурна иднина.

Како да станете СОС Пријател?

Начинот на кој што можете да станете наш СОС Пријател е многу едноставен

Со помош на нашите СОС претставници кој ќе бидат достапни на јавни локации низ град Скопје и кои секогаш ќе можете да ги препознаете по портокаловата боја на СОС Детско село. Тие со себе носат сигурна и безбедна апликација преку која ќе можете да ја направите вашата донација. Доколку сепак се одлучите донацијата да ја направите преку ваш уред, тоа можете да го направите преку скенирање на посочениот QR код од нашите СОС Претставници. Нивните позиции секогаш ќе можете да ги видите на табелата како и на социјалните мрежи на СОС Детско село.

или

Со отворање траен налог во вашата матична банка:

Примач: СОС ДЕТСКО СЕЛО
Банка на примачот: НЛБ Банка
Трансакциска сметка: 210-055217340-187
Цел на дознака: СОС Пријател

КАКО ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА БИДЕТЕ НАШ СОС ПРИЈАТЕЛ?

Ако вашите можности повеќе не ви дозволуваат да донирате, можете да ги откажете редовните месечни донации во секое време.

Контактирајте со нас по е-пошта: [email protected] или по телефон: 078/254-245, и ние ќе ве упатиме кон понатамошните чекори.

Во случај да се променат околностите и да одлучите повторно да станете СОС Пријател, слободно контактирајте не – ќе ни биде драго.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

Сите информации поврзани со СОС Пријател, тековните настани, како и оние поврзани со работата на СОС Детско село може да се најдат на нашата веб -страница или на нашите социјални мрежи (ФејсбукИнстаграмЛинкдин, канал на Јутјуб).

Доколку не ги пронајдете информациите што ги барате, секогаш можете да не контактирате и да поставите прашање преку е-пошта: [email protected] или по телефон: 02/32 90 556.

Наши поддржувачи

Неизмерно сме им благодарни на нашите партнери / компании кои бесплатно ни даваат простор за промоција на нашата работата и споделување на нашата мисија. Без партнери како вас, нашата работа не би била возможна.

Ви благодариме што сте наши СОС Пријатели.