Градење на капацитети во системот за згрижување на деца

Ги зајакнуваме капацитетите на сите заинтересирани страни кои се дел од системот за згри/ување и целиме да го подобриме пристапот на поддршката и грижата за деца без родителска грижа

PRIDE МЕТОДОЛОГИЈА

СОС Детско село Македонија, како организација која вложува во грижата за деца без родители и родителска грижа, во рамките на своето работење и своето долгогодишно искуство, постојано вложува напори и во развојот на своите политики, стандарди и методологија на работа за унапредување на пристапот во поддршката и грижата за деца кои се без родителска грижа.

Оваа наша заложба ја демонстриравме со обезбедување на авторските права за имплементирање во рамките на Република Македонија, на интернационално признатата и лиценцирана PRIDE методологија. СОС Детско село Македонија успеа да обезбеди петгодишна лиценца за употреба на оваа методологија, создадена за поддршка на згрижувачките системи и подобрување на квалитетот на грижата.

Програмата, исто така, обезбедува стручно оспособување и тековен професионален развој на сите професионалци кои се вклучени во процесот на поддршка на згрижувачките семејства, но и на самите згрижувачи.

Во периодот од 2014 до 2016 година, СОС Детско село Македонија овозможи обуки и лиценцирање на 22 професионални обучувачи, 6 мастер обучувачи, 114 професионалци од Центрите за социјална работа ширум Македонија, како и 141 згрижувачко семејство во рамките на кои се згрижени 230 деца.

ЦЕЛИ НА PRIDE ПРОГРАМАТА