Корпоративни Партнерства

Во СОС Детско село цврсто веруваме во општествената одговорност и влијанието на бизнис заедницата во Македонија.

Благодарение на поддршката на компаниите  заедно ги менуваме детските животи и создаваме можности за децата и младите кои во животот немале прилика да се радуваат на среќно детство и мечтаат за успешна иднина.

Секако, сето ова не можеме да го постигнеме сами, неопходна ни е вашата поддршка.

Поддржувајќи нè, Вие ни овозможувате да обезбедиме најквалитетна грижа за децата, тие да растат во топол дом, опкружени со родителска љубов и поддршка.  Вие ни помагате да ги поттикнеме слободно да ги развиваат своите капацитетиги, да ги подготвиме за предизвиците кои со себе ги носи животот, и да им овозможиме да станат успешни млади луѓе кои активно придонесуваат во нашето општество, и сето ова долгорочно , на одржлив начин.

Бидејќи сме подготвени заедно со вас,низ креативност да создадеме на заедничка стратегија, без разлика дали сте мал бизнис или мултинационална компанија.

Како организација ние директно придонесуваме кон постигнување на целите на Обединети нации за одржлив развој 2030.

Бидејќи имаме 73 годишна традиција како меѓународна организација и 20 години искуство во нашата земја во згрижување на деца и млади без родители и родителска грижа и поддршка на семејства изложени на ризик.

Бидејќи ниту едно дете не треба да расте само.

Зошто да нè изберете нас?

Модели на соработка

СОС Пријател значи дека континуирано, на месечно ниво ќе донирате сума по Ваша желба и ќе овозможите среќно и сигурно детство на децата и младите поддржани од СОС Детско село.

Средствата кои нашите СОС Пријатели ги донираат се директна поддршка за децата и младите поддржани од СОС Детско село и се користат исклучиво за покривање на нивните тековни потреби и трошоци.

Контактирајте нè:

Љубица Атанасова

Лице за обезбедување на средства од компании
[email protected]
тел. +389 (0)76 220 472

Софија Стојков

Лице за обезбедување на средства од компании
[email protected]
тел. +389 (0)75 387 953