Дали го знаете она чувство кога не можете да најдете зборови со кои ќе објасните што ви лежи на душата?  Миговите кога имате бура од емоции, а сте неми?
Можете ли само да замислите што чувствува едно дете кое одеднаш останало само?

Раде имаше само 8 години кога дојде во СОС Детско село.  Останал сам. Судбината си поиграла со него. Одкако беше дојден во згрижувачкото семејство на мама Буба тој не изусти ниту еден единствен збор. Само молчеше и немо гледаше.
Во тие сини очиња во исто време се препознаваа страв, тага, бес, лутина…но и надеж.

Требаше да поминат 8 месеци Раде да ја препознае сигурноста и безусловната поддршка на СОС мама Љубица.  Нејзиното трпение и љубов докажа дека се е можно.

И така едноставно, едно предновогодишно утро, под накитената елка мама Буба најде порака која и ги насолзи очите, а во исто време и го стопли срцето.

На ливчето стоеше: “Мама Бубa ти благодарам за се, оваа година не ми треба ништо повеќе од Дедо Мраз!“

Не е лесно да бидеш храбар, особено не кога имаш 5, 8 или 10 години…
Но, со сигурност можеме да кажеме дека на секое дете му е многу полесно, кога има некој што ќе го разбере, сака и гушне за добра ноќ. Некој кој трпеливо ќе чека.
Бидејќи ќе знае дека еден ден ќе дојде вистинско време кога се што е не е изговорено ќе биде кажано.